Носителот на ИЕ 3 од редовите на СДСМ и коалицијата, Љупчо Николовски, по повод митингот на СДСМ денеска во Крива Паланка се обрати на наговата Фејсбук фан страна.
“Денеска покрај Виница, сум и во мојата родна Крива Паланка. Ќе разговарам со моите сограѓани, а во 17.00 часот на плоштадот „Карпошово востание“ на граѓанскиот митинг заедно со претседателот Зоран Заев и кандидатот за пратеник Бочварски Благој ќе го презентираме нашиот #ПланЗаЖивот што ќе го спроведеме по победата на 11ти декември. Ве поканувам да ни се придружите, затоа што заедно можеме многу повеќе!”, напиша Николовски.