Николовски: Честит роденден СДСМ, архитект на концептот за едно општество во кое секој е важен!

Честит роденден СДСМ. Партијата која отворено и без двоумење апсорбираше граѓанска енергија и мултиетничка димензија, архитект на концептот за едно општество во кое секој е важен и во кое законот, правдата, одговорноста и еднаквоста важат за секој. Партијата предводник на крупните, храбри и коренити реформски процеси и промени што се демократско изразена волја на граѓаните на и за унитарна, развиена и интегрирана Македонија! – напиша на Фејсбук, пратеникот Љупчо Николовски, по повод роденденот на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e