Изјава
Љупчо Николовски
Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
“Ние и досега покажавме и потврдивме со низа документи, дека злоупотреби во МЗШВ има речиси во секој сегмент. Парите наместо кај земјоделците завршувале во џепови на лица блиски до власта. Идентично и со ловството.
Денеска барам конкретни измени во Законот за ловството со цел да излеземе во пресрет на луѓето кандидати за ловци, ловците и корисниците на дивечот во ловиштата.
Наместо досегашното полагање на ловечкиот испит по електронски пат кој не ги дава очекуваните резултати, барам укинување на полагањето на ловечкиот испит по електронски пат и враќање на стариот начин на полагање.
Огромен број на кандидати кои аплицирале за полагање на ловечки испит не можат да го остварат своето право да полагаат испит заради небулозниот член од Законот за ловството кој предвидува полагање на ловечки испит пред компјутер.
Барам формирање на комисија која експедитивно и навремено ќе ги организира полагањата на испитите, со претставник на Ловечката федерација на Република Македонија.
Во склоп на ова, исто така барам електронското наддавање за доделување на дивечот во ловиштата под концесија да се укине и покрај условот на цената на понудувачот, да се земат во предвид и стручните и материјално-техничките можности на понудувачите.
Барам дивечот во ловиштата на концесија да се дава на оние правни лица кои нудат најдобри услови за развој на ловството, со искуство и знаење од ловството.
Работиме во интерес на ловците и ловечките друштва, кои на директен и индиректен начин ќе имаат огромна корист со измените во овој закон”, изјави Николовски.
За поврзани вести продолжете надолу