Николовски: АХВ мора да сноси одговорност за труењето на младите!

По серијата труења на млади луѓе што се случија изминативе денови во Република Македонија, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на пресконференција ги посочи слабостите и пропустите на Агенцијата за храна и ветеринарство во врска со настаните проблеми со труење на младите и повика на сериозност и одговорност. 

“Барам Агенцијата за храна и ветеринарство најсериозно да се постави во проблемот со сомнителните пијалоци кои се продаваат низ Македонија, а од еден од нив деца веќе завршија во болница.

Агенцијата за храна и ветеринарство со леснотија го прогласи пијалокот за безалкохолен и ја префрли вината на лицата што го конзумирале без да спроведе лабораториски тестирања на истиот, а за добиените резултати ја информираат јавноста.

Недозволиво е државна институција да не ги заштити граѓаните, туку да бара од нив сами да се штитат.

АХВ како надлежна институција за безбедност на храната, во која спаѓаат и пијалоците, нема донесено правен акт, кој треба да ја регулира оваа област и да обезбеди правна рамка.

Ние веќе алармиравме, дека во Македонија се продаваат пијалоци со сооднос на кофеин и алкохол што не е дефиниран во ниеден правилник.

Презентиравме стручно мислење од Институтот за јавно здравје, како највисока научна институција од областа на безбедноста на храната и јавното здравје во РМ, за еден таков пијалок што претставува закана за јавното здравје. Мислење од научна институција која е член на Националниот совет за безбедност на храната, кој пак е управуван од директорот на АХВ.

Напоменуваме дека во најголем дел од државите во регионот и светот, енергетските пијалоци се правно регулирани. Вакви правилници има во Србија, Босна и Херцеговина, САД.

Пред два дена во болница завршија три лица. Уште колкумина треба да завршат во болница за оваа власт да се разбуди и да постапи совесно?

Пијалокот што е проблематичен и кој за Агенцијата за храна и ветеринарство бил безалкохолен, може да дојде и во рацете на малолетни тинејџери!

Сакам граѓаните да знаат, веќе ја разгледувам со мојот тим одговорноста на сите надлежни за проблемот.

Сакам да и порачам на власта на Груевски и на инволвираните во овој скандал – ако им фали само влакна на главата на деца или на кој било граѓанин, ќе сносат сериозна одговорност” изјави Николовски!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e