„Тоа што го кажа Мицкоски на средбата е тоа што го кажуваме постојано, дека поддржуваме се што е добро за двете држави и двата народи и не поддржуваме тоа што не е добро за двете држави и двата народи. Тоа што Борисов и неговата екипа настапија така како што настапија, крајно непрофесионално и тенденциозно, да со мобилен телефон го снимаат разговорот, позади мојот грб, така беше поставена масата, и да случајно еден од членовите на нашата делгација тоа го забележи, па да прекинат…“
Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ за средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов на партиската делегација предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски.