Денеска, пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и министер за здравство, Никола Тодоров гостуваше во дневникот на 24 Телевизија каде домаќин беше новинарката Наташа Стојановска.
Стојановска го праша Тодоров дали се сеќава на ситуацијата од 24 Декември 2012 кога опозицијата се спротивставуваше на неделовничкото носење на државниот буџет кога по наредба на претседателот на собранието, Трајко Вељановски беше наредено пратениците на СДСМ и новинарите да бидат насилно избркани од салата на собранието по што беше изгласан буџетот без никаква дебата. Стојановска алудираше на тоа дека сега е обратна ситуација кога ВМРО – ДПМНЕ ја блокира и узурпира работата на собранието.
“Да, но ова е различна ситуација. Предходно се работеше за интерна работа кога се случија овие настани, додека сега се работи за зачувување на унитарноста на државата”, изјави Тодоров.
Откако преговараше и не успеа да договори влада со ДУИ а на само на неколку часа пред истекот на рокот, провладините медиуми најавија дека е направен договор за влада по што следуваше студен туш од ДУИ. Сега ВМРО – ДПМНЕ почна да зборува за некакви платформи на албанските партии кои наводно ќе ја нарушиле унитарноста на државата иако и од страна на СДСМ и од страна на албанските партии тоа беше демантирано.
И покрај се се поставува прашањето: Зошто се блокира работата на собранието? Нависитина се работи за Македонија, или пак можеби за спас од обвиненијата за криминал поднесени од страна на специјалното јавно обвинителство.