По втор пат е одложено судското рочиште за случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, откако не дојде одбраната на партијата која во овој случај е обвинета како правно лице. Претставникот на партијата, Наум Стоилковски, пак рече дека не сака рочиштето да се оддржи без адвокат.
Не се појави ниту адвокатот на обвинетиот пратеник Илија Димовски, кој пак самиот лично не присуствуваше на првото рочиште кое беше одложено поради таа причина.
Судијата Осман Шабани се закани дека следниот пат нема да го толерира отсуството и следните рочишата ги одложи за 2 и 16 април.
Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.
