Незадоволство кај извршителите, ќе штрајкувааат во четврток

За прв пат по 13 години под клуч ќе бидат извршителските канцеларии и со тоа најавуваат штрајк за во четврток. Одлуката е донесена на вчерашното вонредно Собрание на Комората.

Велат мораат да го искажат револтот и незадоволството од новиот Тарифник кој им го предложила министерката за правда, Рената Дескоска.

Најмногу негодуваат за тоа што со него им се намалува од 1.000 на 300 евра, максималната награда за извршителот, која можат да ја наплатат при извршување од сметките на граѓаните.

Неофицијално, Министерството за правда сите измени кои ги подготвува најверојатно ќе бидат готови до крајот на неделава и по итна постапка ќе одат на усвојување во Собранието. Ќе има и опција за отпис на камати и репрограмирање на долгот кај граѓаните. Дури се размислува и за тоа максималната сума при извршување од сметка на граѓаните да се намали на една петина од сегашната една третина од приходот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e