Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 21. Конгрес. Конгресот ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје, со почеток во 14 часот, а на конгресот ќе се бираат кандидатите за пратеници на најголемата опозициска партија и нејзината коалиција.
Според неофицијалните информации на Либертас, заменик-претседателката Радмила Шекеринска ќе биде носител во првата изборна единица, генералниот секретар и актуелен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски носител во двојката, актуелниот дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски носител во третата изборна единица, лидерот на партијата, Зоран Заев, носител во четвртата изборна единица, портпаролот Петре Шилегов во петката, а претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во шестата изборна единица.
Можно е да има и промени во последен момент утрово пред конгресот, а можна рокада за која се размислувало била Пендаровски да оди во 1. изборна единица а Шекеринска во 6. ИЕ.
Високо на листите ќе се најдат и повеќе интелектуалци, кои не се членови на СДСМ, како дел од ветувањето за правење сојуз со граѓаните.
Неофицијално, на листите ќе бидат Павле Богоевски од Шарената револуција, актерката Синоличка Трпкова, професорот Ферид Мухиќ, екс-министерот Никола Димитров и други.
Официјалните кандидатски листи ќе се знаат попладнево.