Нема разлика меѓу тоа што го изјавува Груевски за Пинк дека “Сдсм и албанските партии не смеат да состават влада бидејќи тоа ќе ја направело Македонија бинационална држава” и изјавата дека во Македонија не смеат да се одржат избори на кои ќе победат партии кои не смеат да состават влада. А решенито Груевски го бара во одржувањето нови избори. Какви? Значи решение за оваа криза е нови избори на кои не смеат да победат оние што не смеат да состават влада.
И оние ” тврдокорните” во црни кошули што се за “нивна заедничка Македонија” ова го подржуваат. Тие го добиле правото да кажуваат што смее а што не смее да се прави во Македонија.
Ѓорѓи Спасов