Бујар Османи тврди дека се уште не прават влада со СДСМ само затоа што тоа би го нарушило правилото влада да прават победниците кај Македонците и кај Албанците.
Само таква влада можела да биде гаранција за стабилност. Ако победниците кај Македонците не бидат во влада тоа можело да доведе до политичка дестабилизација и до загрозување на безбедноста. Така им кажале од Вмро.
Во Македонија,тврди тој, суверенитетот го имале етничките заедници а не граѓаните. Затоа секој што не гласа за некоја од партиите на сопствената етничка заедница е еден вид предавник и ја слабее одбраната на политичките интереси на таа заедница. Таквите граѓани за разлика од Османи не се разбираат од политика и ја доведуваат во прашање етничката федерализација на Македонија.
Дуи со 10те пратеници и со освоени 85 илјади од 280 илјади гласови на Албанците во Македонија, според Османи е победникот меѓу Албанците и само таа ќе реши а не, Албанците кои гласаа за СДСМ, или оние кои гласаа за Беса или за Алијансата, дали и која од македонските партии ќе биде најдобар партнер за спроведување на заедничката платформа на Албанците.
Иванов не дал рок за составување влада и Дуи има право да размислува и да не донесе одлука следните 4 години. А до изборот на таа влада сегашната влада на Груевски и Ахмети останува на власт.
ВМРО нема мандат за состав на влада но ДУИ и натаму ќе преговара со таа партија за состав на влада бидејќи Иванов ги смени правилата и сега сите политички партии имаат мандат ако обезбедат мнозинство за состав на влада.
Според Османи Вмро бара нови избори и за Дуи тоа е една од опциите, но ќе ги послуша советите на Еу и на Сад. Може вмро со овој продолжен мандат за состав на влада од Иванов да успее во тоа при натамошните разговори со дуи. И тоа е втората опција за дуи. Третата е можна влада со сдсм. Четвртата е влада на широка коалиција можеби на чело со Дуи. И петата опција била малцинска влада со подршка од дуи а Дуи да оди во опозиција или влада на сите без ДУИ бидејќи само тие не се борат за фатељи. Секоја од овие опции темелно се разгледувала и една од нив сигурно ќе била прифатена, само што не се знае се уште кога, и зошто токму таа.Но таа што ќе била прифатена сигурно ќе била во интерес на Албанците но и на другите граѓани во Македонија.
Вмро Дпмне во изминатите 10 години не направи ниту еден чекор за приближување на Македонија кон ЕУ и кон НАТО, но според Османи тоа е избор на Македонците и бидејќи тоа е и натаму избор на Македонците дуи нема било каква одговорност за неуспехот на тој план ниту пак за злоупотрбите на службата за безбедност за неправедно осудените Албанци или за злоупотребите на власта. Ако Македонците изберат и фашистичка партија, Дуи со неа ќе коалицира за да не се наруши принципот на коалицирање на победникот со победникот. А дуи кај Албанците секогаш се смета за победник па и по овие избори на кои за само две години на власт со Груевски му се преполови подршката во гласачкото тело но и во бројот на освоените мандати. Но што вреди кога не се осудува никој од Али Ахмети да побара одговорност за таквиот резултат.
Небулозите на Бујар Османи
Ѓорѓи Спасов