За Македонското знаме велевте дека е вентилатор, си го баравте назад сонцето од Виргина, плукавте по знамето… што сега е нешто што ве обединува!?
Испоганивте се до што се допревте!
Затоа ве молам, ве проколнувам, “ви претам“!!!
Оставете го знамето на мира, оти тоа е знаме на сите граѓани на Р.Македонија!
Понатаму:
Оставете го на мира повикот – “Секој ден во пет!“
Оти тој повик е сведоштво на вашите крвави раце! Тоа е жиг на вашата душа! Со тој повик сте жигосани како убици на деца! Како бесчуствителни битија на кои не им е битно што – дете е претепано и убиено од крвник и психопад во полициска униформа, еден од “вашите“(!). згора лично обезбедување на Грујо, криминален кадар од спосочињата на Гоца и од црниот тефрер на Змијалков, со каков кадар, ги преполнивте специјалните одели на полицијата; туку единствено се грижевте за тоа како да ги заташкате доказите и да ја сперете крвта од ваши раце на непосредни виновници и џелати! ( Уште во ушите ни одекнува ‘милозвучното“ гласче на вашиот тогашен министар за внатрешни: “ Многу се нервирам, у пизду материну, у ова држава ни едно убиство неможеш да скриеш“ ( парафраза )
Затоа оставете се од повикот “Секој ден во пет!“, оти незнаете колку НАМ, а секако и на семејството на Мартин ( тоа што преопстана од тоа семејсатво, семејство што вие го “згужвавте“ и го фрливте во “првата канта за отпадоци“ ), ни значи тој слоган и кои се емоции тоа буди во нас! НЕ СТАВАЈТЕ СОЛ НА СЕ УШТЕ ЖИВА РАНА! Оставете ни ја таа светост на мира!
Оставете го на мира и Илинден!
( Како прво не може да биде ЧЕТВРТ! Оти Илинден не е ни торта, ни бурек, ни нешто што се дели на четвртини, туку секој Илинден бил нешто што обединува. А како второ, ако се борите за македонскиот јазик, прво научете го, научете ја граматиката, лингвистиката, правописот на јазикот кој демек ви е толку битен! Значи се вели – ЧЕТВРТИ! – а не ЧЕТВРТ… Како трето, борба и одбрана на еден јазик не се води на начин што ќе негиртате или ускратувате право на користење на некој друг јазик, НЕ!, со тоа ништо не сте направиле во полза на својот јазик, единствено можеби сте направиле штета на тој другиот јазик што го негирате! Оти, јазикот се брани со дела, со напишани квалитетни литерални дела на македонски јазик, така се брани и збогатува еден јазик! Прославете ја Македонија и македонскиот јазик во светот, така што ќе создадете квалитетни драми, романи, поезија… … Еј! Мене ме преставувате за “предавник“ на македонскиот јазик и македонската кауза, а јас триесет години творам на тој јазик, длабоку сум вкоренет во темелите на македонската литература – особено драматургија, мои драми се преставени на преку дваесетина светски јазици и во истите земји се преведувани, печатени, изведувани во нивните врвни профисонални издавачки куќи, театри, фестивали ( од Русија до Англија! )… И ете, јас сум “предавникот“, а вие што велите – ЧЕТВРТ, вие сте “бранители“!?! На оваа земја, во слава на Македонија, ја имам донесено ( освоено ) “Шекспировата награда„… кој не е запознаен за вредноста на светските награди за драмската дејност, тоа ви е слично како некој режисер да донел Оскар со македонсдки филм!
Значи јазикот – нашиот македонски, нема да го изгубиме, напротив, со што побргу припојување кон европското семејство, нашиот јазик и култура, ќе добие шанса за што поширока, побрза и верувам вистинска афирмација!
( Туку вака, да ја искористам приликата, за да ве запрашам нешто лично – Зарем не мислите дека си го навредувате и понижувате јазикот, со тоа што плукате, ругате, гнасите – цел низ на врвни писатели, колумнисти, македонисти – слависти… еј го навредувате основоположникот на современиот македонски јазик – ЗОШТО!? Со која цел? Во одбрана на јазикот кој тој го има впишано на мапата на сите светски јазици!?! Не ви е малку незгодно, апсурдно, не ви е шубе… не се чуствувате како да си плукате во лице!? )
Како и да е! Оставете ни го јазикот македонски, не сте достојни, ниту знаете како да го браните! Како сте тргнале, може вашиот фашизам кој како канцер ви ги јаде мозоците – да ве доведе до стадиум на палење на македонски книги напишани од “предавници“ и масовен линч на “неподобните творци“… е така сигурно ќе го спасите јазикот! Само напред!!! Напред! Срам да ви е!
Еј не се играјте со нај светото нешто на СИТЕ граѓани на Македонија, не скрнавете, не извитоперувајте, несвесно грдите и се потсмевате со најзначајните датуми од нашата историја!
Со таа компарација со Илинден, мене лично ( а не само мене, туку многумина од нас ова го сваќаат токму така – многу лично ) ми го скрнавите споменот на мојот дедо Лазо Соколов, споменот на мојот пра дедо Панзо Соколов ( единствен носител на илинденска споменица од 1903 од Куманово ), споменот на мојот татко Методиј Петровски, кој својот живот го вгради во изградба на Куманово, на цела современа Македонија, и при тоа, наоѓаше време, и за обогатувањето на македонскиот јазик со своите книжевни и историски дела… Затоа, ви велам, ви “претам“ – Не скрнавете!
Не скрнавете го и мојот спомен на моето активното учество во отцепување на Македонија од СФРЈ и борбата за нејзината самостојност, секако и мојот допринос кон македонската литература и македонскиот јазик!
И на крај:
Не ја скрнавите Македонија и револуцијата кој ја направивме: #ШаренаРеволуција
Оти да разберете што е револуција, првин ќе ви треба долг период на еволуција!
Тоа што вие го правите нема во себе ни “р“ од револуција! Еве добро да го наречеме тоа вашето – протест!?
И да се сложиме дека тоа е ваше ‘демократско’ право, и ако, нај искрено, јас не гледам што има демократско во – бранење на криминали и злосторства на едно злосторничко здружение со чисто фашистички и диктаторски атрибути!?
Што има револуционерно да се марш во име на одбрана на Вождот кој ја опустоши родината, кој од вас, од мене, од сите нас, сите до последен граѓанин, украде 18 МИЛИЈАРДИ ЕВРА и најверојатно веќе ги има изнесено од државата! Што има револуционерно во човекот кој десет години со “динамит“ ги уриваше основните столбови на демократијата, газеше безмилосно по граѓанските права и слободи – и во голема мера направи уназадување и одземање на веќе освоените слободи кои ги имаше и уживаше граѓанинот на Р. Македонија! Што има револуционерно во обид на репресија и ускратување на туѓи здобиени права и унапредување на истите тое права!
Разберете – ПОВИК НА ВОЈНА, не е револуција, туку напротив… посебно ако тој повик го упатил последниот европски диктатор!
Сега, зошто го следите, зошто му се одзвавте на “регрутацијата“ за вокна!? Дали тоа го правите…свесно…несвесно…или следејки го планчето на Грујо – кој единствен спас на својата кожичка гледа во тоа Македонија да гори… тоа исто не го знам… Но вие! Обичните граѓани, пропагандистички изманипулирани, вие! Вие, мора што побрзо да го дознаете тоа!
Оти – “Мирни протести“ – со отворени и јасни повици за војна(!?), тоа е нелогизам, тоа не постои!
Тоа е жми да те лажам!
За крај, еве еден голем поздрав од мене со надеж дека добронамерно ќе го разберете напишаното, бидејки е напишано единствено од таква потреба… И се надевам дека ќе се видиме, кога ќе решите да го напуштите 19-от, и ќе ни се придружите во 21-ви век!!!
Да, кога сме кај вековите, ке заборавев… би додал уште нешто: Не се преставувајте како цела Македонија! Како – Сите македонци!
Оти ВИЕ НЕ СТЕ МАКЕДОНИЈА, ЕВЕ ДА СТЕ И 400 000, а не сте ни толку, пак сте само 1/4 од цела Македонија!
Дури да се пребројуваме и по таа ваша 19-то вековна математика – Македонци по националност спроти македонци по националност. Пак ке излезете помалку… Оти над 600 000 МАКЕДОНЦИ( по националност ) гласаа против вашата Диктатура!!!
И шу правиме сега!?
Што џабе “свирите курцу“ војна музика!?
Туку, дај сите заедно ( тука не спаѓаат оние кои ќе мораат да се соочат со правдата, да бидат казнети за сите башибозлуци – вклучувајки ги и овие што ги прават во овој мигот, и да си ја одлежат казната – кој во Шутка, кој во Идризово, кој во Хаг – секому према “заслугите“) и врз пеплиштето што го остави зад своето десетгодишно владеење, злосторничкото здружение на Змијалков и Николај, да почнеме, цигла по цигла, чекор по чекор, да градиме современа европска Макердонија! Чии термели ќе бидат врз граѓански принципи, оти Македонија одсекогаш била и ќе биде земја на сите нејзини граѓани без обзир на нивната вера, нација, “боја“!
Југослав Петровски