Не е до Курц. Не е ни до Хан.
Работата е до лоботомијата која тајно се извршува на секој кој ќе стане носител на функција и со која му се отстранува половина од мозокот.
Не се сеќавам било Курц било Хан да им забрани на избраните пратеници:
– да одржат седница, или
– да побараат одговорност од Претседателот на државата затоа што се измотава со Уставот,
– да дадат автентично толкување на проблематичните одредби,
– да побараат интерпелација на трите министри и претседателот на Влдата, кои се во исто време и пратеници,
– да постават прашања кои се однесуваат на актуелното трошење на парите аминувано од Владата,
– ако не друго, да расправаат за она што ни се случува
Не драги мои, до лоботомијата ќе е.
Мирјана Најчевска