Наталија Ивчева, поранешна истакната членка на Обединети за Македонија, која во 2012 јавно излезе и објави дека партијата на Љубе Бошкоски згаснува и сите членови преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, вчера упати закани преку Фејсбук.
Таа зборува за опцијата која ја предложија повеќе уставни експерти откако претседателот Иванов одби да го даде мандатот на Заев, односно опцијата – пратениците да одржат седница, на која ќе изберат претседател на Собранието а потоа и ќе ја изгласаат новата влада за која лидерот на СДСМ, Зоран Заев веќе собра 67 пратенички потписи. Еве што напиша Ивчева.
Инаку, Ивчева може да се пофали со богата партиска кариера. Била член на младинската организација на СДСМ, па член на ДА, па член на ВМРО ДПМНЕ, па потпретседател на ДРУМ, па повторно член на ВМРО ДПМНЕ, па член на ОМ, па од 2012 повторно во ВМРО-ДПМНЕ.
Таа е и колумнистка на провладиниот портал Инфомакс.