Народниот прaвобранител: Директорот на “Идризово” попречува истрага за тешко болна затвореничка

Смртта коси во затворот „Идризово“. Од јануари до сега починале петмина затвореници. Директорот на затворот Живко Пејковски одбива да даде документација за една од истрагите што ги врши Омбудсманот, за пациентка која неодамна ќе умрела во затворот, вели Народниот правобранител Иџет Мемети. Тој има покренато постапки за сите смртни случаи во најголемиот затвор од почетокот на оваа година, но спор со директорот Пејковски настанал во истрагата за случајот со тешко болна затвореничка, која неодамна со пукнат чир во последен момент била однесена во Клиничкиот центар.

Мемети вели за првпат од постоењето на институцијата Народен правобранител се случува директор на затвор и воопшто раководно лице на институција грубо да ја попречи работата на Омбудсманот.

„Ова е преседан. Никој, освен УБК, кога го отворивме предметот за масовното нелегално прислушување, не спречувал истрага која ја отвора Омбудсманот“, вели Народниот правобранител Иџет Мемети.

„Не може директорот Пејковски да не ја дава комплетната медицинска документација на тешко болната пациентка. Ми испратил одговор да одам таму да вршам увид, а мене документацијата и доказите ми требаат за да можам да покренам постапка за овој случај. Ова е преседан. Никој, освен УБК, кога го отворивме предметот за масовното нелегално прислушување, не спречувал истрага која ја отвора Омбудсманот. Пејковски оневозможува да собереме податоци и докази за да дојдеме до фактичката состојба: дали затвореничката се жалела на здравствени проблеми, зошто немало застворски лекар да ја прегледа, како седела толку време помодрена со пукнат чир на желудникот…“, вели Мемети за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Член 24 од Законот за Народен правобранител му дава широки и зајакнати овластувања на Омбудсманот кога работи по претставки од граѓани и кога истражува случај на кршење на човековите права и слободи. Тој може да бара секакви материјални и вербални докази, да повикува службени лица на разговор, а институциите се должни да му ги дадат доказите. Директорот Пејковски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека на Мемети за случјот со затвореничката му испратил допис со кој го повикува таму во затворот да врши увид. Како аргумент навел дека медицинскиот картон не може да се изнесува, поради тоа што се коси со Законот за лични податоци.

Целиот текст на СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e