Нано Ружин: Груевски ја исече гранката на која долго седеше

Нано Ружин: Груевски ја исече гранката на која долго седеше и манипулираше со сите кои му веруваа

Македонија во овој миг доживува сериозна политичка криза која не е од меѓуетничка природа туку од меѓупартиска идеолошка природа.  Судирот на ДПМНЕ со странските амбасадори, и покрај длабочината на овој дипломатски имброглио, сепак не ја доведува стабилноста на Македoнија под знак на прашање- вели за Фактор, Нано Ружин, поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО.

“Проблемот меѓу опозицијата и власта е во фактот што сеуште владеачката ДПМНЕ е загушена во длабокли криминални досиеа кои настојува да ги испегла преку агресивноста кон политичките противници и национализмот.

Прогласот на ДПМНЕ и Груевски според него  би создал тешки компликации доколку Груевски е следниот мандатор. Во тој случај вели очекувано е меѓународната заедница да  му наметне неколку поучни лекции од изолирање до дирекни санкции.

“Впрочем веќе сестринските партии му ја блокираа натамошната соработка на големите состаноци на десничарските партии на Европа. Овој проглас повеке ќе и штети на ДПМНЕ и таа ќе мора да го менува раководството бидејки со покажаните агресивни и потценувачки кон амабасадорите но и кон напорите на ЕУ и САД за надминување на кризата, Груевски го поништи Договорот од Пржино”-додава поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО.

Научените лекции за време на локалните избори во општина Центар,како што вели,  покажаа до која мерка партијата на Груевски е подготвена да оди за да победи: од исклучување на лифтови во висококатниците, до фалсификувано лични карти и патувачки гласачи од државата и од Пустец,фантомски гласачи до отварање на црните кеси и исфрлање на избирачкиоот материјал како и злоупотребата  на ДИК и Управниот суд во 2013 година.

“Изборните манипулации не се должат толку на стравот колку на уиграната машина на ДПМНЕ да лажира, фалсификува,манипулира со избирачите. Клиентелизмот, заканите и стравот се исто така битни елементи  на изборната игра на ДПМНЕ но пред се и долгогодишната поставеност на партијата која и во оваа сфера покажа криминален табиет.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e