-Централниот одбор донесе одлука со која со Правилникот за изборот на кандидатите за овие парламентарни избори ќе се бира и работна група на надворешни експерти, адвокати, психолози, правници, докажани професионалци… поранешни функционери кои ревносно ја вршеле функцијата. Токму тие луѓе ќе бидат темелно вклучени и на раководтствот ќе ја понудат листата на кандидатите, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.