Најмалку осуммина во ВМРО-ДПМНЕ ќе се борат за кандидат за претседател – БЕСА и Алијанса ќе разговараат за заеднички кандидат

Осум кандидатури за претседателските избори пристигнале во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Но можно е ова да не биде конечната бројка, бидејќи се чека некои од нив да стигнат и по пошта. Партиска комисија ќе ги разгледа истите и најдоцна до вторник ќе бидат соопштени имињата на сите кандидати кои ги исполнуваат условите. Секој од нив ќе доби време и простор за презентација на нивните програми, пред општинските комитети. Конечната одлука, со кој кандидат ќе истрча партијата на претседателските избори ќе биде донесена на Конгресот во Струга на 16-ти февруари. Потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски, повторно ја повика власта да се охрабри и заедно со претседателските да распише и предвремени парламентарни избори.

– И тие ги имаат анкетите и ние исто. Бројките се познати. Единствена причини за што не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори се баш поради тоа што ќе загубат, вели Мисајловски.

Мисајловски не сакаше да открие имиња ниту дали меѓу кандидатите има жени. Но тројца кандидати се познати, професорката Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев и Филип Петровски.

Од друга страна социјалдемократите не откриваат никакви детали за потенцијалните кандидати за претседател. Иако во јавноста се споменуваат неколку имиња сепак за нив до сега не стигна ниту една потврда. Единствено што се знае е дека кандидатот ќе биде одбран на конгресот во недела.

Албанските партии пак се поизвесно е дека ќе застанат зад заеднички кандидат. Алијансата за Албанците и БЕСА се веќе на иста линија. И двете партии сметаат дека време е да се здружи албанското гласачко тело на претседателските избори.

– Ние имаме состанок на тесното претседателство вечерва и сурно ќе излезат некои насоки од тој состанок како би настапиле. Ваква понуда за заеднички кандидат Албанец за претседателските избори сме ја дале уште поодамна, вели за 1ТВ Аријанит Хоџа од Движење БЕСА.

– Ќе се направи анализа на овие политички актуелности во врска со горенаведената тема. ќе се отвори прашањето за соработка со другите албански политички партии, вклучувајќи го и потенцијалниот заеднички кандидат за претседател, изјави Флакрон Беџети од Алијансата за Албанците.

Останува знак прашалник какво е расположението во ДУИ за овој предлок на БЕСА и Алијанса, со оглед на тоа што се поизвесно е дека владејачкото мнозинство нема да најде заеднички јазик за консензуален претседател. Изборите, собранискиоте спикер Џафери ќе ги распише на 8-ми февруари, а најави дека доколку има поддршка од 61 пратеник ќе распише предвремени парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e