СДСМ и ги врати на ДУИ забелешките во врска со ставовите на интегративците за нацрт-законот за албански јазик.
Извори од преговарачкиот процес наведуваат дека успеале да ги надминат најголемите разлики во однос на барањата на ДУИ и дека останале само помали работи за усгогласување, јави Алсат М.
Преговарачите на ДУИ утре ќе го известат претседателот на партијата Али Ахмети за текот на преговорите, а се очекува да се свика и централното претседателство за детално да го разгледа нацрт-законот за албанскиот јазик.
Како што дознава Алсат, ако страните финално ги надминат разликите во однос на албанскиот јазик, ДУИ може да му ги даде на Заев потребните потписи за добивање мандат, а потоа ќе продолжат преговорите и за останатите барања на интегративците.