Најдено женско тело во пламен

Женско тело како гори е најдено вчера во 15.50 часот на ул.„29 Ноември“ во делот на „Китино кале“, во Кичево. Телото го забележал случаен минувач.

Противпожарна екипа од Кичево го изгаснала запаленото тело со апарат за гасење на пожар. Лекар од Општа болница-Кичево констатирал дека телото било изгорено и дека не давало знаци на живот. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од НККР-Кичево. По наредба на ЈО телото е предадено за обдукција. Се утврдува идентитетот на лицето и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e