Наградата „13 Ноември“ за наука доделена на професор Христина Спасевска

Д-р Христина Спасевска, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св Кирил и Методиј” е добитник на овогодишната награда „13 Ноември” на Град Скопје за остварување во науката, техниката и стопанството од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Во последните десет години проф. д-р Христина Спасевска е координатор или учесник на повеќе од 15 научно-истражувачки и апликативни меѓународни проекти во програмите ФП7 (FP7), ЕУРЕКА (EUREKA), Хоризонт (Horizon 2020), ИПА (IPA) и КОСТ (COST), како и проекти финансирани од Меѓународната агенција за атомска енергија (International Atomic Energy Agency), Светска Банка (World Bank), Централно Европската Иницијатива (Central European Initiative) и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Таа е коавтор на повеќе од 50 научно-истражувачки и стручни трудови, од кои повеќето се објавени во меѓународни списанија, списанија со фактор на влијание или трудови презентирани на конференции. Има објавено повеќе од пет книги, учебници и учебни помагала.

Спасевска е претседател на Асоцијацијата на здруженија на инженери-Инженерска Институција на Македонија, Претседател на Метролошкиот совет при Бирото за метрологија, Претседател на одделението за животна средина при Коморта на овластени архитекти и овластени инженери и Национален координатор за програмата Хоризонт 2020 (Horizon 20200) во одделот за енергетика.

Наградата го потврдува неј­зи­ниот голем и значаен научно-истражувачки опус, остварен на национално и меѓународно ниво, кој што директно се применува во индустријата за подобрување на животниот стандард на гра­ѓа­ните, зачувување на животната средина и одржливиот развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e