Над сто илјади Македонци преку државјанство станале Европејци

Здравей“, „Aз съм Българин“. Со овие зборови на бугарски јазик што последните 10 години ги изговориле, вкупно 57.627 Македонци успеале да докажат бугарско потекло и да добијат државјанство и пасош како „работна виза“ за иселување, покажуваат податоците што ги добила редакцијата на Призма од Министерството за правосудство во Софија.

Притоа, освен јазична подготвеност, морало да ги изговорат напамет и најзначајните национални бугарски празници, да покажат познавање на бугарската историја и на хартија да докажуваат крвни врски со подалечни роднини од Бугарија.

Меѓутоа, освен бугарски пасоши, податоците на статистичкото биро на Европската унија, Евростат, покажуваат дека уште 48.589 Македонци од 2005 до 2014 година добиле државјанство од некоја друга европска земја од Унијата или Шенген зоната.

Со тоа, од 2005 година од кога Македонија го доби кандидатскиот статус за членка на ЕУ, вкупно 106.216 Македонци станале Европејци со државјанство и пасош. Тоа значи дека граѓани на ЕУ станале толку Македонци колку што живеат во Битола и во Струмица заедно.

 Иселеничкиот егзодус кулминира

Според последните податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), само во 2014 година, Македонија ја напуштиле 21.003 граѓани, што е рекордна бројка на иселени луѓе последните 15 години Но, колку државата успеала да го спречи овој тренд, сепак зборуваат статистичките податоци, според кои на Македонија  се случува емиграција од димензии на егзодус.

Според последните податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) што ги објави деновиве, само во 2014 година, Македонија ја напуштиле 21.003 граѓани, што е рекордна бројка на иселени луѓе последните 15 години.

Број на отселени Македонци по години

5-zemji-drzavjanstva

Извор: ОЕЦД

Најмногу од нив, дури 14.650 Македонци во 2014 година тропнале на портите на Германија, 1.459 се отселиле во Австрија и 1.392 во Швајцарија.

Од 2000 година наваму, од кога ОЕЦД ја евидентира емиграцијата, од Македонија се отселени вкупно 171.730 луѓе.

Светска банка, пак, неодамна објави податок што многумина остави со подзината уста – бројот на отселени Македонци до 2013 година, што всушност ја опфаќа емиграцијата последните 50 години и покажува колкава е дијаспората, изнесува 626.312 луѓе.

Во еден извештај на оваа меѓународна финансиска институција за Југоисточна Европа, се констатира дека „регионот губи огромен дел од младото и образовано население. Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу топ земјите според бројот на емигрантите. Една четвртина од граѓаните веќе живеат надвор од своите татковини“, пишува во Извештајот на Светската банка.

Анализата во целост прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e