На пазарите повеќе нема да се продава облека!

На зелените пазари може да се продава само со лиценца, а неа не може да ја добијат вработени и пензионери. Со тоа, новата законска регулатива донесена пред шест месеци која стапи во сила на првиот ден од годинава забранува на тезгите да продаваат пензионери, вработени и други лица кои добиле некаков хонорар.
Според новите правила на зелените пазари не смее да се продава текстил, обувки и други непрехранбени производи.

Пазарџиите во паника, велат со новиот закон кој стапи на сила од 1 јануари, државата им зема од лебот. Пазарџиите се остро контра измените на законот – велат дека и досега едвај преживувале , а власта со новото решение и дополнителните давачки ќе ги дотолчи.

На законското решение за кое се расправаше пред шест месеци а кое стапи на сила од 1 јануари реагираа и Стопанските комори, дел од експертите и самите продавачи и тезгаџии. Сите велат дека новите прописи сериозно ќе удрат на овој сектор од економијата , а анализите на Стопанската комора покажале дека со законот бројот на трговци ќе опадне за околу 30%. Во Македонија има меѓу 20 и 25 илјади закупци на тезги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e