На паркингот пред Собранието оштетен автомобилот на пратеничката Александрова

Додека се чека седницата на која треба да се изгласа Законот за Јавно обвинителство, на паркингот пред Собранието бил оштетен автомобилот на пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Емилија Александрова, пишува Локално.

Пратеничката ја потврдила информацијата, додавајќи дека е повикана полиција и дека сега ќе се врши увид. Како што посочил Александрова, автомобилот бил изгребан од двете страни.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата претходно преку соопштение се изјасни дека ќе гласа позитивно за Законот за Јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e