На “мирниот” сенароден протест брутално претепани новинари на порталот А1он

Двајца новинари на порталот А1 он беа брутално претепани од петмина учесници на вечерашниот протест пред Собранието на Македонија.

Според очевидец на настанот, учесници на протестот ја нападнале екипата на А1 он пред Триумфалната капија, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите, по што еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди.

 

Станува збор за снимателот Владимир Желчевски и за новинарот Александар Тодевски. Двајцата во моментот се наоѓаат во Ургентниот центар, каде што врз нив се вршат прегледи.

Првичните инфомрации се дека и двајцата имаат повреди, бидејќи биле брутално тепани подолго време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e