Притворениот Сашо Мијалков кој е второобвинет во Империја според извори во истражниот затвор Скопје се жалел дека во таканаречената хашки соби каде што го издржува притворот е многу студено.
Греење во затворот има само два часа велат извори за медиумите и во собите е прилично студено.
Во една од соседните таканаречени хашки соби сосед му е првообвинетиот од Империја, Орце Камчев, но двајцата немаат можност за било каков контакт.
Камчев денеска на барање на СЈО од Кривичниот суд доби нови 30 денови притвор.
