На Груевски и на Јанакиески ќе им се суди за Центар на 20 февруари

Судијката Татјана Михајлова денеска донесе одлука, судењето за насилствата во општина Центар да започне на 20 февруари.

При образложувањето на одлуката за датумот на судењето, судијката Михајлова и обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, која денеска го образложи случајот што СЈО го покрена на 15 септември годинава,  влегоа во вербален судир.

Откако судијката Михајлова рече дека поради патување во странство, нема да биде во земјата во  јануари и февруари, обвинителката Фетаи реагираше дека тоа непотребно се оддолжува, на што судијката остро реагираше дека „овој случај не е ништо посебен“ од другите. Таа и рече дека Фетаи дека е „непотребно иронична и дека прави гримаси“ и дека би сакала да има камери кои би ја снимиле за да се види самата. На тоа Фетаи реагираше дека воопшто не е иронична.

Михајлова и Фетаи и претходно влегоа во вербален судир околу тоа дали е ова главна расправа или подготвително рочиште, дали лицата се осомничени или обвинети. Притоа судијката ја опомена обвинителката доколку не се почитува редот во судот, ќе бидат преземни мерки.

Денеска во судницата беа присутни сите обвинети, меѓу кои има и лица кои беа дел од толпата кои во јули 2013 година го демолираа објектот на општината. Во еден дел од рочиштетот, јавноста беше отстранета од судницата бидејќи беа презентирани некои од доказите, наводно од прислушуваните материјали.

На почетокот на судењето, обвинетите побара да не бидат снимани од телевизиските камери и од фоторепортерите, туку да се снима делот каде што е јавноста.

На 15 септември годинава, Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против Груевски, Јанакиески у уште три други лица кои се товараат за нарачување на насилството во општина Центар. Поднесена е и кривична пријава за уште 9 други лица за извршување на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

Според СЈО, првообвинетиот Груевски, во случајот кој беше обелодент во една од „бомбите“, е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет. Жерновски по одлагањето на првото рочиште, во ноември, го повика Груевски да покаже колку е навистина храбар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e