Се присетив кога првпат го видов пред нецели 18 години како младо министерче за трговија. Влезе во Утрински во изветвено палтенце, истуткани панталони и евтини чевли, но полн со ентузијазам и со проект во рацете за „купувајте македонски производи“.
Меѓу тој Груевски и сега овој Груевски што го гледам на ТВ, разликата е небо и земја, како меѓу слуга и цар. Компарацијата не е навредлива бидејќи зборот министер значи слуга на народот, а цар си е цар на народот, дури и по неговата абдикација. Еднаш цар, за век и веков цар. Груевски одлично се вклопи во современиот дизајн на најновата медиумска ударна тупаница на ВМРО-ДПМНЕ, само малку фалеше сценографијата на драмолетката да биде идеална. Штета што амбиентот не беше во барок и рококо, или што оваа беседа не беше снимена и овековечена во царскиот дворец како историско сведоштво на последните три желби на владетелот на заминување кој се потруди тоа да го прикаже како неговото повторно враќање на престолот. На Груевски не му се напушта тронот, но овојпат тоа не е желба за власт, туку силен патриотски чин на саможртва за доброто на народот да продолжи да владее со истиот елан и самодоверба како и досега. Не му се остава земјата да ја разграбат и распарчат по десет и пол години владеење со цврста рака, по деценија на мир, успеси и благосостојба.
…
Koлумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука