На бегалецот Никола Груевски ќе му се суди и за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе му се суди во отсуство или во развоена постапка допрва треба да одлучи кривичниот суд, од каде целосно е прифатено едното обвинение од специјалното обвинителство за „Талир“. На обвинителна клупа ќе седнат и пореншниот владин генерален секретар Кирил Божиновски, ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски и Леко Ристовски кои според СЈО незаконски ги потпишале финансиските налози. Додека Елизабета Чингаровска се спогоди со обвинителството на Катица Јанева и призна вина, а судот ја осуди на условна двегодишна затврска казна, што ако стори ново кривично дело ќе ја извршува. Кривичен, допрва треба предметот да го додели на судија по електронскиот систем.
-По формирање на кривичен предмет по оценетиот обвинителен акт, истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на судија за понатамошно постапување, а по закажана главна расправа странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, се вели во соопштението од судот.
За незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ, според СЈО Груевски обезбедувал анонимни и незаконски извори на финансирање од 2009 до 2015 година. Обвинет е за перење пари, злоупотреба на службена положба, за финансирањето него помош на Груевски според СЈО му давале Јанакиески и Божиновски, вршејќи притисоци на фирмите кои имале договори за јавните набавки, за да уплатат пари на партијата. Груевски парите не ги уплатил на буџетската сметка, иако имал таква обрска, што обвинителството наведе дека незаконски пробавил повеќе од 4,6 милиони евра. Со парите СЈО потенцираше дека портивзаконски се купувале предмети за ВМРО ДПМНЕ со потпис од Димовски, Чингароска, Ристоски и Јанакиески.
Кривичниот суд се уште не одлучил за вториот дел од обвинетето за „Талир“ за незаконската градба на „белата палата“.
-Што се однесува до вториот обвинителен акт за истиот предмет кој се однесува на Незаконска изградба, истиот веќе е распределен кај судија за оценка на обвинителен акт и по донесено решение, судот навремено ќе ја информира јавноста, информираат оттаму.
Експремиерот Груевски и Божиновски се обвинети за изградбата на партиското седиште, ја злоупотребиле службнеата положба, овозможувајќи фирмата Бетон да ја изгради зградата на ВМРО ДПМНЕ, иако вече имало скучен договор. Според СЈО за партијата обезбедиле околу 8,2 милиони евра. СЈО обвинението за „Талир“ го поднесе пред два месеци. Од октомври имотот на ВМРО ДПМНЕ е замрзнат.
Извор: 1ТВ
