МЗШВ со многу мерки неделава за поконкурентно земјоделство – Преглед на активностите од изминатата недела!

Плодна работна недела на тимот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Љупчо Николовски, првиот човек на министерството на својот ФБ профил ги сподели резултатите од активностите во изминатиот период.

Имено, над илјада лозари од земјава, со одлука на Владата, ќе добијат исплата за откупеното грозје во периодот од 2014-та до 2016-та. Од државниот буџет ќе бидат исплатени над 1,5 милиони евра на лозарите кои во периодот од 2014 до 2016 година го предале грозјето во винарници кои што во тој период биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство, а не добиле пари за предаденото грозје.

51822096_797867160579643_6999623281644929024_n

Во годинешната програма на МЗШВ за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација, или „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

„Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат полјоделски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто од трошоците за набавка на нафта за земјоделската механизација. Со ова финаниско олеснување на земјоделците, им се намалуваат трошоците за производство, со што остануваат дополнителни пари во нивниот домашен буџет. “- сметаат од  владејачката СДСМ.

04-960x640

Во соработка со министерката за труд и социјална работа Мила Царовска изминатата недела беа промовирани нови мерки за поддршка на руралната жена во тековната 2019 година.

Николовски најави дека МЗШВ работи на измена на Националната програма за земјоделство и рурален развој за периодот 2018-2022, конкретно за изменување и дополнување со специфична мерка наменета за жените кои живеат во руралните средини и кои се дел од земјоделско стопанство. Планот е преку оваа мерка е да се создаде поддршка во вид на неповратни грантови во висина до 180.000 денари по корисник, за вршење на дополнителна дејност во рамки на земјоделското стопанство. Односно, жените ќе можат да започнат со преработувачка или занаетчиска дејност, користејќи ги ресурсите од сопственото производство. Исто така, при конкурирањето за одредени мерки од европската ИПАРД Програма и од националната Програма за рурален развој, жените фармери имаат предност, односно добиваат повеќе поени при рангирањето.

IMG_0457

Новиот предлог-закон за тутун влегува во собраниска процедура. Со ова ново законско решение што беше усвоено на  владина седница, целосно се укинуваат евидентните листови или т.н „бели картони“ и тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија.

„Станува збор за комплетно нов закон со којшто ќе се подигнат стандардите на квалитетот на тутунот, но исто така и на тутунопроизводителите како клучен фактор во целиот процес на тутунопреработката. Новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н ‘бели картони’, процес кој ќе почне да се применува од 2020 година“, велат од надлежносто министерство.

Новиот закон ќе овозможи транспарентност во врска со содржината на договорите. Тие ќе треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на неговата веб страница.

51835804_797867193912973_307677455492055040_n

По една деценија МЗШВ го заврши авионското снимање на целото земјиште и изработката на нови орто фото карти со целосна дигитализација на пасиштата ( проект од 1 милион евра).

„Новите авионски ортофото снимки се изготвени после 10 години и тоа согласно Европските регулативи за ажурирање на земјишните парцели од страна на Земјоделските стопанства. Нив ќе може да ги користат и другите институции кои работат во оваа област како Агенција за катастар, Просторно планирање и други. Целосното функционирање на системот ќе обезбеди ефикасен механизам за администрирање и контрола на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Конкретно, точните податоци кој земјоделец со колкава земја располага, или број на насади и добиток, е важна за навремена и правилна исплата на субвенциите“, изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

IMG_0295МЗШВ потпиша Меморандум за соработка со Националната организација „Слоуфуд Македонија“. Целта на соработката е зачувување на агробиодиверзитетот, унапредување на производствата на храна од мал обем и зачувување на автентични и органски производи, сето тоа во функција на руралниот развој и развојот на гастрономијата и туризмот.

Преку меморандумот ќе се заштитат локалните семиња, овоштарство и лозарство, сточарство, традиционалните производи и примената на ознаки за квалитет. Исто така ќе се работи на зајакнување на свеста за органското производство, маркетинг и промоција на македонската традицонална храна, имплементација на европските регулативи и се друго поврзано со традиционалното производство. Соработката ќе се реализира преку изработка на заеднички проекти, измени и дополнување на закони, правилници и програми, организирање на јавни дебати, студиски посети и друго.

Во новата Програма за рурален развој МЗШВ издвои 60 милиони денари преку кои ќе ја поттикне промоцијата на македонските земјоделски производи дома и во странство, односно ќе поддржи и учество на 25 домашни и странски саемски манифестации. Дополнително преку мерката Поддршка за маркетинг и промоција на земјоделски производи, нудиме поддршка за воведување на заштитени ознаки за традиционални производи, отворање на органски продавници, амбалажа на преработени земјоделски производи, изработка на маркетинг платформа и друго.

Преку овој Меморандум земјоделците ќе имаат директна помош да ги афирмираат своите производи, но и да ги унапредат на домашниот и странски пазар. Целта на МЗШВ е да поттикне зголемено производство и економски развој, а истовремено промовираат и заштитат квалитетните традиционални земјоделски производи.

51700502_797867460579613_8915206690257764352_n

Изминатата недела беа потпишани првите шест од вкупно 24 договори за мерката седум од ИПАРД 2 програмата, односно мерката за диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Вкупната вредност на договорите е 7,7 милиони евра, а ќе се финансираат инвестиции во руралните средини. Има проекти доставени од Македонска Каменица, Крива Паланка, Маврово-Ростуше, Визбегово, Крушево…

nikolovski-babovski-2-1170x780-e1549372596806

Ресорното министерство започна нов проект за уредување на пазарите и поврзување на производителите со преработувачите финансиран со 700 илјади евра од ЕУ.

„Овој проект го гледам како едно силно надополнување во вистинско време заради тоа што се работи за регулирањето на пазарите на овошје и зеленчук како одберени од самиот проект. Ќе имаме целосно поврзување на синџирот од производители до преработувачка индустрија. Ќе има многу активности во текот на годината кои ќе се реализираат преку овој проект чија што главна цел е регулација и хоризонтална и вертикална на пазарите. Убеден сум дека овој проект и целите кои се зацртани ќе дадат соодветен резултат по однос на приоритетните земјоделски култури што се значајни за нас и за нивното целосно производство до преработка и извоз“, порача Николовски.

Преку овој проект Министерството ќе го поддржи и финансира приватниот сектор односно оние кои ќе сакаат да подигнат преработувачки капацитети во делот на решавањето на проблемот со јаболката, или ќе сакаат да направат сушара за сливи или други капацитети кои ќе бидат оценети како приоритетни.

Со проектот ќе се поврзаат земјоделците со откупувачите, и ќе се поттикне договорното производство преку склучување на цврсти договори, со кои земјоделците ќе бидат сигурни во откупот и цените, а откупувачите во производите што им се потребни.  На овој начин ќе се заштити пазарот на земјоделски производи од нарушувања предизвикани од флуктуации на цените и нелојалната конкурентност со која секојдневно се соочуваат земјоделците.

51505979_797867353912957_4360805725853712384_n

Следи недела на уште посилен ангажман и нови политики во интерес на македонското земјоделство и развој – порачуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e