Денеска околу 13 часот МВР го добило решението од Основен суд Скопје 1 со кое се наложува апсење на бизнисменот Сеад Кочан.
МВР треба да го пронајде и да го уапси Кочан, а потоа да го спроведе во истражниот затворот „Скопје“ каде треба да издржува 30-дневен притвор.
Тој е осомничен од СЈО во најновиот случај „Труст“.