МВР презело превентивни мерки за спречување можен напад на ИСИС во Македонија

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, биле спроведени оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот.
-Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување.

По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад – пишува во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e