Пријавата е поднесена против лице, потенцијален сторител на кривично дело насилство. „Станува збор за нападот на новинарите од А1 он со можност во наредните денови кривичната пријава да се дополни со соодветни факти и докази во однос на другите осомничени во овој случај. Никој не е над Законот, секој еден ден ќе сноси одговорност“, порача министерот за внатрешни работи, Нухиу.
Тој денеска лично го информирал претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани кој пак оцени дека ова е нова практика на МВР и дека ова е прв пат Министерството да застане во одбрана на новинарите.