МВР: Груевски не ја поминал македонската граница на ниту еден легален премин

Груевски не ја поминал границата на Македонија на ниту еден од легалните премини, информира МВР по објавата на екс премиерот на социјалните мрежи дека побарал азил во Унгарија. Полицијата  истражува  дали пораката на социјалните мрежи ја напишал Груевски и дали е веродостојна или има  цел да ја дефокусира потрагата.

Екс премиерот Никола Груевски на социјалните мрежи објави дека се наоѓа во Унгарија каде што побарал политички азил од унгарските власти.

,,Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.

Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.

Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам.“-пишува на ФБ профилот на Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e