Секторот за внатрешна контрола во МВР суспендираше шестмина полицајци инволвирани во насилните протести во Собранието.
Од полицијата информираат дека не станува збор за мерки и активности на формираната работна група која треба да ги расчисти настаните што се случија на 27 април во Собранието, туку за секторот за внатрешни работи. За дел од полицајците е утврдено дека не интервенирале кога се отвориле вратите на Собранието од внатрешната страна, објави ТВ 24.