МВР демантира дека членови на УМС ВМРО ДПМНЕ биле приведени како што објавија дел од медиумите. Тројцата членови на УМС Аеродром биле повикани во полициска станица поради постоење основи на сомнение дека оштетиле туѓи предмети.
Од МВР се уште не прецизираат за кој случај точно се работи. Се работи за организациониот секретар на партијата Петар Миоски и претседателот на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски.
Лицата не се приведени. На 27.02.2019 во Полициската станица Аеродром повикани се лицата С.С.(23), Е.М.(25) и П.М.(23), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „оштетување туѓи предмети“. Со нив бил извршен разговор, соопшти МВР.
