Мртов маж пронајден во близина на Клинички центар

Тело на починато машко лице вчера е пронајдено во куќа на булевар Мајка Тереза.

Полицијата информира дека вчера утро околу 8.30 часот случаен минувач го забележал мртвото тело на тераса од напуштена куќа на булевар Мајка Тереза спроти Институтот за белодробни заболувања.

Случајот во полицијата го пријавил граѓанин, а по извршениот увид телото е предадено на обдукција.

Засега нема информации за идентитетот на починатиот маж и причините за смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e