Нашата позиција е апсурдна и трагична:
Ако победите- Македонија ќе наебе, ако загубите, вие ќе наебете од Македонија. Вие ќе наебете и во првиот случај затоа што такви говна, таков прмитивизам, таква мрза и неталенти, таква некултура, не можат да егзистираат во ниту еден друг државноправен и културен амбиент: вашата победа ќе биде, сакам да кажам, смрт за Македонија и ваша смрт. Во врска со тоа немам ниту најситни дилеми.
Тој исход е посигурен од календарот кој вели дека на 13 март денот ќе се разбуди како понеделник.
Ако загубите, како што ќе загубите во битката со нормалноста и пристојноста, не ќе можете да го избегнете судирот со вистината во која вашите дела, во наблага форма, ќе бидат прикажани во своето реално измерување односно како свињарии, а вие како будали и глупаци. Не претерувам, верувајте.
Некој ќе ви ги скине конците со помош на кои прават да вреската, да се смееет, да пеете, да плачете, да се движите, да се заканувате, а може и малото шаткасто чудовиште што ја држи шемата за вашите потези, гестови и гримаси, да му ја дувне, или да го замолат да го напушти театарот.
И вие ќе се свлечете на сцената како мртви пувала. Се е можно, само едно не: не може да постои Македонија со вас и вие во оваа форма во Македонија и каде било.
Единствената шанса за вас, за нас и за Македонија е да ве победиме. Ако ни помогнете- добро, ако не, ќе мораме да ве победиме сами.
Ако не ве победиме, ние ќе преживееме, затоа што имаме културни, ментални и интелектуални и морални сетови за преживување надвор од мртвото тело на Македонија, а вие ќе умрете како бели црви со последното залче од нејзиниот труп!
Бранко Тричковски – Фејсбук статус