Мобингот – одмазда за гласните критичари на власта

Несогласувањето со политиките на власта и кревањето глас во слободното време, носи реваншизам на работното место. Две млади вработени жени во државната администрација за Дојче веле говорат за цената која ја платиле. – пишува Дојче Веле.

Јасмина Дуриќ е вработена во Министерството за одбрана и таа секој ден патува неколку часа до нејзиното работно место. „Има еден проблем. Ги потценив нивните методи и до каде може да одат со притисоците на работното место и влијанието во целокупниот живот“, вели таа за Дојче веле. Откако 11 години работела како референт за логистика, неодамна, без никакво предупредување била префрлена да работи во кујна во касарната во Кичево.

Убедена е дека префрлањето се должи на нејзиниот граѓански активизам и критиките кои јавно ги упатувала кон власта за време на „Шарената револуција“.

Освен од врвот, вели дека притисоци доаѓаат и од колегите. „Изолирана сум од претходното место каде имав поголеми контакти, луѓето се плашат да разговараат со мене, бидејќи ќе бидат санкционирани. Тоа е едно непријатно чувство, кога вие доаѓате на работа каде сте работеле долги години, каде сте имале добри пријателски односи, сте си помагале, сте се дружеле и немало никогаш политика во тоа. И потоа станувате неподобна и луѓето имаат забрана да зборуваат со вас“, раскажува Дуриќ.

Таа вели дека притисоците не престанале и по префрлањето на другото работно место, каде добила иницијатива за казна, поради нарушување на угледот на армијата.

„Бев на граѓански протести во шест часот по работното време. Ние имаме во нашето министерство луѓе кои се на високи позиции кои постојано ги гледаме на партиски митинзи, но тие се уште се на високи позиции и немаат последици“, вели Дуриќ.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e