Со цел да имаме што поквалитетна содржина во периодот кога сите треба да ги почитуваме препораките, и МНТ се приклучи со свој придонес.
Имено, од утре со почеток од 20 часот ќе можеме да гледаме претстави онлајн.
„Бесплатно преку нашиот „Јутјуб“ канал можете да ги гледате претставите со следниот распоред:
18.03 – „Сомнително лице“
19.03 – „Изгубени Германци“
20.03 – „Парите се отепувачка“
23.03 – „Да тргнеме Сењор“
24.03 – „Мајсторот и Маргарита“
Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн“ порачуваат до МНТ.
Линк – „Јутјуб канал МНТ“