Мисовски до ВМРО-ДПМНЕ: Вие сте директни виновници за обидот за ликвидација

Пратеникот Горан Мисовски рече дека неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ се виновни за нападот врз пратениците на крвавиот четврток.

– Кој ќе ги покрие траумите на мојот син кој во пренос во живо гледаше како луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да не ликвидираат, праша Мисовски.

Обраќајки се кон пратеникот Димитар Стевананџија, тој истакна дека „фројдовски“ кажал дека за малку ќе фалеле четворица министри во владата и дека тоа е точно, поради обидот за ликвидација на пратениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e