Денеска се одбележуваат 148 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Даскалот и неговите идеали вечно ќе бидат водилка за македонското делување. Неговиот сон е сон на сите нас, силна, достоинствена и чесна Македонија, пишува на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој денес заедно со членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски и професорката Иванка Василевска положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Македонија на сите граѓани, со успеси забележани насекаде во светот. Вечна нека е идејата – напиша Мисајловски.