Мирка ќе правела „Граѓанска влада“ како втор браник после Иванов

Стефан Влахов Мицов, Солза Грчева, Ивица Јосифовиќ, Мирка Велиновска, елена Мисиркова, Александар Станкоски, Александар Климовски, Јована Кепеска, Зоран Крстевски, Ангел Џамбазоски, Ѓорѓи Спасов, Стојче Десковски, Виолета Ачкоска, Благородна Никодиновска и Цветан Гавровски се предложени членови на движењето „Граѓанска влада“ која е во рпоцес на формирање, објави Дневник.

Ова ново движење вели дека ќе се стави во функција на заштита на граѓаните и на државните и националниинтереси. Му порача на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, по никоја цена да не му го дава мандатот на Зоран Заев за формирање на официјална влада.

– Граѓанската влада, по претседателот Иванов, ќе биде вториот браник кој одлучно, совесно и одговорно ќе застане за заштита и одбрана на граѓаните и државните институции, и сега и во сите други слични ситуации, во кои ќе биде загрозен и ќе биде доведен во прашање, на каков било начин, нашиот идентитет, државните и националните интереси, особености, карактер, нашиот опстој, а исто така и во нормални услови, како насоодветен коректив на институциите во државата – гласи во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e