Во петокот партијата на Али Ахмети се собра на централно претседателство во Мала Речица каде се воделе дискусии за можно излегување од техничката влада на пратениците од ДУИ.
Али Ахмети со овој чекор му задава удат на Груевски а целта како што самиот тој кажа е да се деблокира работата на полиитчката ситуација.
ДУИ најави дека ќе ги земе предвид сите можни варијанти за да се олесни формирањето на новите институции.
Ако министрите на ДУИ решат да им „откажат љубов“ на колегите министри од ВМРО ДПМНЕ тоа ќе значи паѓање на Владата, но сепак и покрај тоа тие ќе мора да ги извршуваат функциите се додека не се избере новата Влада.
Засега од партијата на екс премиерот Никола Груевски нема коментар по овие прашања.
Реакцијата на ВМРО ДПМНЕ за напуштање на владата од страна на ДУИ е неизвесна, а молк има и од СДСМ.
Двете најголеми партии и вечни ривали, ќе ја почекаат конечната одлука па ќе дадат коментар.
Од БЕСА пак оценуваат дека оставките на ДУИ нема да придонесат за побрзо деблокирање и решавање на ситуацијата.
Во актуелната влада од ДУИ има двајца видепремиери и 8 министри.