Министерството за образование молчи за одлуката на Турција да не ги признава македонските дипломи!

Министерството за образование и наука не излегува со официјален став, по одлуката на Турција да не ги признава дипломите од Македонија. ЦИВИЛ Медиа се обрати до МОН, но од вчера не добивме никаков одговор за проблемот со кој ќе се соочат стотици студенти.

По обидот за пуч во Турција, турските власти започнаа со процесот на „деѓуленизација“, односно, со жестока пресметка со наводните поддржувачи на Фетула Ѓулен. Турските власти го обвинуваат Ѓулен, кој живее во САД, дека стои зад неуспешниот обид за воен удар во Турција, извршен на 15-ти јули минатата година. По ударот, турските власти, суспендираа и отпуштија околу 80.000 професори, судии, обвинители, полицајци, војници, дипломати и други државни службеници. Кон крајот на јули 2016, турската влада побара од неколку балкански земји да ги затворат училиштата и фирмите за кои се сомневаат дека се поврзани со движењето „Хизмет“ на Ѓулен.

По барањето на Турција за затворање на училишта, универзитети и фирми во Македонија, наводно поврзани со Ѓулен, министерот за надворешни работи Никола Поповски, изјави дека ќе ги подржат барањата на Турција кои ќе бидат поткрепени со закон. „Македонија единствено ги поддржува демократски избраните институции на Турција и во тој поглед, ќе соработуваме со Владата во Анкара, во насока на помагање и на остварување на нивните цели, секако во рамките на нашето законодавство и во рамки на нашите интереси“, рече Попоски.

Сепак, според Сефер Цановски од ФОН, новата одлука нема врска со пучот во Турција, туку е донесена заради лошите реформи во македонското образование.

„Одлуката на Турција да не ги признае дипломите стекнати во Македонија е крах на лошата политика на Република Македонија. Години наназад Турција го опоменуваше МОН ‘да си го исчистат дворот’, да го подобрат образованието, да воведат поголема контрола и да ги подигнат стандардите во универзитетите“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Сефер Цаноски од универзитетот ФОН.

ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e