Министерот Николовски во Тетово на средби со граѓаните погодени од излевањето на реката Порој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е во работна посета на Тетово.

Тој заедно со државниот секретар Бесир Јашари ќе ја посетат општина Тетово за да направат увид во штетите на земјоделските површини кои настанаа како резултат на излевањето на реката Порој.

За во 11 часот е планирана средба со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, а во 12 часот ќе остварат средби со месното население кое е најпогодено од излевањето на реката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e