Милошоски: Апелираме до судот да внимава при носењето одлуки и да се држи до доказите

„ВМРО-ДПМНЕ апелира до институциите кои што се грижат за владеење на правото да не приведуваат недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат за немилите настани кои што се случија во Собранието.

Во текот на вчерашниот ден до нашата партија пристигнаа информации дека се приведени повеќе луѓе кои што не сториле никакво насилство или кривично дело, а полицијата ги држела со часови во полициска станица и апелираме до министерот за внатрешни работи да не ги пречекорува тие надлежности бидејќи дел од нив добиле и притвор без елементарен доказ дека сториле било какво кривично дело или насилство.

Треба да се разграничи многу прецизно неколкучасовното влегување на одредени граѓани во Собранието, во народниот парламент, заради насобран револт и гнев, од антидржавните политики на Социјалдемократскиот сојуз од оние неделовнички и други постапки кои што биле спротивни на демократските процедури и да се разграничи од оние поединци кои што без оправдување и без никакво прифаќање нанесле тешки телесни повреди на присутни пратеници или други личности во Собранието.

МВР и Обвинителството треба да се свесни дека за некого да приведат и изнесат пред суд треба да имаат цврсти докази за сторено кривично дело.

Исто така ОЈО и судовите не смеат да имаат различни аршини за ваквите настани, од настаните при насилствата врз полицијата направени од шарените протестанти изминатата година, кои што протестираат беа потплатени за тоа и вршеа насилство врз македонските полицајци, демолираа одредени институции или истите ги оштетија.

Од оние информации кои што ги добиваме дека некои лица добиле и притвор заради вербални деликти, а без извршено физичко насилство.

Од тука апелираме до судот да внимава при носење на одлуките и да се држи исклучиво до фактите, доказите, до остановената пракса, а не да понесува некаква партиска наклонетост зависно од тоа кој на која политичка институција или државна институција припаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e