Милошевиќ во 2000 година одби да замине мирно од власт, ама заврши во Хаг

Мандат за формирање влада во Македонија дават граѓаните. Тоа мора да го разбере Ѓорге Иванов и врхушката на Никола Груевски. Претседателот има церемонијална задача во процесот на формирање на влада. Тој мора на лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој обезбедил парламентарно мнозиство од 67 пратеници, по автоматизам да му даде формално мандат за формирање влада.

Се друго е непочитување на волјата на граѓаните и кршење на уставот. Не може претседателот да ја брани државата од слободно изразената волја на мнозинството граѓани во Македонија. Кратко потсетување на Иванов и Груевски, и Милошевиќ во 2000 година одби да замине мирно од власт, ама заврши во Хаг. Искрено не знам дали Груевски има капацитет да предизвика граѓанска војна, но сигурен сум дека и после тоа нема да успее да ја избегне одговорноста за злоупотреба на власта во изминатите 11 години. Најкраток пат да се наруши унитарниот карактер на Македонија и не само тоа, е да се предизвика етнички конфликт. Верувам дека на мнозиството на етнички Македонци тоа е им е јасно како бел ден. Затоа ако сакаат да ја сочуват земјата не треба да го следат Груевски.

Фејсбук статус на Насер Селмани

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e