јалков во СЈО со својот адвокат првин барал увид во доказниот материјал собран за истрагата „Тортура“, тврдат за Телма извори од специјалното обвинителство. Вчерашниот престој на Мијалков во СЈО траеше два часа, а тој со адвокатот Никола Додевски го искористиле правото да побараат увид во доказите од кривичната прија за постизборното малтретирање на Љубе Бошкоски. Откако ги разгледувале, тие се повикале на правото дека дополнително ќе одлучат дали Мијалков како првоосомничен ќе даде исказ пред надлежниот обвинител кој го води случајот „Тортура“. Мијалков во СЈО се пожалил и на новинарското присуство пред просториите на Специјалното обвинителство и прашувал зошто дошле новинарите да го снимаат и да го прашуваат.
Иако бил со адвокат, екс директорот на УБК не се распрашувал зошто истражител на СЈО бил пред неговата куќа и ја фотографирал.
Во „Тортура“, Мијалков е осомничен како организатор на малтретирањето на Љубе Бошковски во јуни 2011-та година по парламентарните избори, а 6-те полицајци алфи дека ги реализирале неговите насоки за понасилно апсење на лидерот на Обединети за Македонија. Случајот е отворен по објавени материјали на опозицијата.
СЈО смета дека 7-мината сториле кривично дело мачење и сурово постапување во служба. Екс директорот на УБК Сашо Мијалков е осомничен и во уште два случаи на СЈО, „Тврдина“ и „Трезор“.
извор: Телма