Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и прв братучед на Груевски, Сашо Мијалков е повикан на распит во Кривичниот суд, потврдиле за А1он од Специјалното јавно обвинителство.
Распитот на Мијалков се случува веднаш откако експертот од Ериксон го предаде доказниот материјал во рацете на СЈО. – пишува порталот.
Екс директорот на УБК исто така е осомничен и за случајот „Тортура“, каде се работи за начинот на апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Извор: А1он.мк